Лестер сметаат дека легендата на Ливерпул, Стивен Џерард може да биде вистинскиот човек кој следната година ќе ги врати во Премиерлигата, тврди „Сан“.
43-годишниот Џерард е без работа откако доби отказ од Астон вила во октомври, додека Лестер ја почнаа сезоната со Брендан Роџерс, кој доби отказ во април, по што му дадоа краткотраен договор на Дин Смит, кој не успеа да обезбеди опстанок во Премиерлигата. Покрај Лестер, за Џерард се заинтересирани и во уште еден поранешен премиерлигаш, Лидс, кои го отпуштија Сем Алардајс по испаѓањето.
Доколку ја добие работата, Џерард ќе се најде пред огромен предизвик, бидејќи се очекува „лисиците“ да останат без своите први ѕвезди Јури Тилеманс и Џејмс Медисон ова лето.