Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Фред најави дека може да побара трансфер ова лето, велејќи дека сака да има поважна улога во клубот.
Фред, кој беше стартер при вчерашниот 1:2 пораз од Манчестер сити во финалето на ФА купот и имаше меч за заборав, призна дека е исфрустриран што не е почесто стартер под Ерик Тен Хаг. Договорот на 30-годишниот Бразилец завршува во 2024 година.
„Уште не знам, треба да зборувам со семејството бидејќи имам уште една година од договорот. Сега е време за одмор и релакација и ќе зборувам со сите во клубот да се донесе одлуа. Сакам да зборувам и со Тен Хаг, бидејќи тој е најважниот во одлуката. Сакам да бидам важен во клубот, да помогнам да се освојуваат титули. Секогаш сум бил среќен во Манчестер јунајтед и тоа останува исто“, вели Фред.