Top Sport

Муса Дембеле пристигна во Лион

Фудбалскиот клуб Олимпик Лион, во саботата, на јавноста им ги претстави двајцата играчи, кои синоќа во последните часови од преодниот рок пристигнаа во клубот. Муса Дембеле и Лени Пинтор со Лион потпишале пет годишни договори.

Челниците на Лион успеаја во своите намери нападот да го засилат со талентираниот Дембеле, откако Маријано Дијаз се врати во Реал Мадрид.

Се претпоставува дека Селтик од трансферот инкасирал 22 милиони евра.

Дембеле (22), во младинските категории играл во ПСЖ, потоа се преселил во јуниорскиот тим на Фулам, а во 2014 година го имал дебито за првиот тим. Две години подоцна заминал во Селтик. Минатата сезона постигнал 16 гола на 39 натпревари.

Второто засилување Лени Пинтор има 18 години, а во Лион дојде од Брест. Клубот за неговиот трансфер платил 4,5 милиони евра.

Scroll to Top