Top Sport

Почина атлетичарот кој прв истрча 100 метри за помалку од 10 секунди

Меѓународната атлетска федерација, објави дека легендарниот американски спринтер Џим Хајнс почина во саботата на 76. годишна возраст. Хајнс е првиот човек кој 100 метри истрчал за помалку од 10 секунди.

Хајнс истрча 100 метри за 9,9 секунди на првенството на САД во 1968 година во Сакраменто, но бидејќи тој резултат не беше измерен по електронски пат, тој не беше официјално признат како прв под 10 секунди.

Сепак, со таа победа се квалификуваше за ОИ во Сиудад де Мексико, каде стигна до златото со време од 9,95 секунди. Ова време беше електронски изнерено и тој стана првиот човек кој ја спусшти границата под 10 секунди.

Тоа негово време важеше како светски рекорд цели 15 години, односно додека Калвин Смит не истрча 9,93 секунди во 1983 година.

Покрај поединечното злато на 100 метри, Хајнс го освои златото и како член на американската штафета на 4х100 метри на Олимписките игри во 1968 година.

По неговото појавување на ОИ во Сиудад де Мексико, Хајнс играше професионален американски фудбал и играше за Мајами Долфинс и Канзас Сити Чифс во НФЛ.

Scroll to Top