Ливерпул и по четвртата рунда во Премиер лигата го задржа максималниот ефект, откако во забележа триумф во Лестер 2:1.
Играчите на Јирген Клоп, од стартот тргна офанзивно, а таквата определба има донесе водство во десеттата минута, кога Мане го совлада Шмајхел.
До крајот на првиот дел Ливерпул ја контролираше играта, а предноста ја зголемија во 45.минута, кога Фирмино со глава ја смести топката во голот на Лестер.
Домаќинот нападна во второто полувреме, а до гол стигнаа во 63.минута, кога голманот на Ливерпул направи кардинална грешка, му дозволи на Ихеначо да му ја одземе топката, а по неговата асистенција Гезал намали на 1:2.
Голот на Алжирецот е првиот што Ливерпул го прими сезонава во Премиер лигата. Лестер до крајот играше подобро, ја имаше иницијативата, но резултатот не се менуваше.
По четири кола Ливерпул има четири победи, а Лестер е на 50-отстотна успешност (две победи и два порази).