Top Sport

Ибрахимовиќ ги избра најдобрите 10 со кои бил соиграч

Златан Ибрахимовиќ во неделата објави крај на својата голема кариера. Тој се прости на 42. годишна возраст како играч на Милан.

Пред неколку години, легендарниот шведски напаѓач го состави најдобриот тим од фудбалери со кои играше во текот на кариерата.

На голот е Џанлуиџи Буфон, италијанскиот голман со кој Златан играше во Јувентус од 2004 до 2006 година. „Ѕидот“, вака Ибрахимовиќ го опиша Буфон.

Десен бек е Лилијан Турам, уште еден фудбалер од таа генерација на Јувентус. Тиаго Силва, со кого Златан играше во Милан и ПСЖ, е едниот стопер, а другиот е Алесандро Неста. На позицијата лев бек го стави Максвел, неговиот голем пријател и играчот за кој вели дека е најелегантниот со кој играл.

Патрик Виера – Чави – Павел Недвед, вака изгледа средниот ред на најсилниот тим на Златан.

“Поради Виеира, јас сум подобар фудбалер. Тој работеше како мазга на теренот и тој е соиграчот кој најмногу влијаеше на мојата игра. Чави е „Мистер Перфект“, момчето кое никогаш не греши, а Недвед е машина и најголемиот професионалец со кој сум играл“.

Покрај него во нападот ги стави Лионел Меси и Роналдињо.

„Меси пристигна во реалниот свет од „Playstation“, најдобриот играч на сите времиња. Роналдињо – генијалец. Со него не игравте фудбал, со него уживавте”.

На клупата ги стави Жулио Цезар, Андрес Иниеста, Фабио Канаваро, Џенаро Гатузо и Кларенс Сидорф.

Scroll to Top