Top Sport

Рамос се враќа дома да ја заврши кариерата

Серхио Рамос (37) по две години го напушти Пари Сен Жермен и повторно е слободен играч. Има неколку понуди, само треба да реши каде ќе ја продолжи кариерата.

Финансиски најдобро ќе помина доколку се пресели во Саудиска Арабија, но во втроникот Шпанците објавија дека тој би можел да се врати во Севилја. Рамос е роден во местото Камус, во близина на Севилја, каде ја започна професионалната кариера.

Во клубот од „Рамон Санчез Писхуан“, вклучувајќи го стажот во младинските категории мина осум години. Првата во сениорскиот тим му беше брилијантна, па во 2005 година за 30 милиони евра оствари трансфер во Реал Мадрид.

Прашање е како навивачите на Севилја ќе го профатат потенцијалниот трансфер. Рамос, како играч на Реал редовно добиваше навреди од трибините кога играше против Севилја.

Scroll to Top