Top Sport

ПСЖ се мачеше во Ним, Ди Марија погоди од корнер (Видео)

Фудбалерите на ПСЖ го задржаа максималниот ефект во првенството, откако во четвртото коло победија во Ним со 4:2.

Актуелните шампиони на Франција имаа предност од два гола на полувремето. Во интервал од четири минути по гол постигнаа Нејмар и Ди Марија.

Во вториот дел шампионите го потценија притивникот и дозволија Ним да израмни на 2:2 преку Бобишон и Савание.

Сепак, до крајот изненадување спречија партнерите на Нејмар во нападот, Мбапе и Кавани.

Scroll to Top