Селта славеше над Атлетико Мадрид, во натпревар од 3.коло во Примера. Екипата од „Балаидос“, по пауза од три и пол години успеа да слави над фаворизираниот противник.
Атлетико во мечот влезе како фаворит, меѓутоа Селта уште еднаш покажа дека знае да игра против големите тимови.
Гостите играа добро во првиот дел, создадоа неколку полу-шанси но не успеаја да го совладаат Алварез.
Селта триумфот го најави во воведните минути од вториот дел. Уругваецот Гомез во 46.минута го искористи киксот на сонародникот Годин, а потоа шест минути подцна му асистираше на Аспас за 2:0.
До крајот на мечот ВАР-технологијата спречи катастрофа на Атлетико, бидејќи голот на Ронкаља беше поништен поради офсајд.
Атлетико од последните половина час ги одигра со играч помалку, бидејќи Савиќ беше исклучен поради вториот жолт картон.