Паоло Малдини планирал „мини-револуција“ во Милан пред да добие отказ, со прва цел да се замени тренерот Стефано Пиоли со неговиот поранешен соиграч, Андреа Пирло, тврди „Кориере дело спорт“.
54-годишниот Малдини несславно доби отказ од газдата на клубот Џери Кардинале во понеделникот, заедно со неговиот близок соработник Фредерик „Рики“ Масара, откако имаа клучна улога во ревитализирање на „росонерите“ со титулата минатата сезона и со пласманот во полуфиналето на Лигата на шампиони.
Според „Кориере дело спорт“, Малдини подолго време сакал да го врати поранешниот тренер на Јувентус, Пирло, кој си замина од турскиот клуб Фатих Карагумрук и сакал да добие повеќе средства за засилувања во текот на летото. Наместо тоа, сега се смета дека тренерот Стефано Пиоли е клучен човек во проектот на американските газди „Редбрд“.
🧐 Retroscena Milan, il piano saltato di Maldini: via Pioli, al suo posto Pirlo!#corrieredellosport #milan #maldini #pioli #pirlo https://t.co/ffD62VHUfJ
— Corriere dello Sport (@CorSport) June 7, 2023