Македонскиот репрезентативец Егзон Бејтулаи ќе ја напушти Шкендија. Кариерата ќе ја продолжи во Албанија. Бејтулаи ќе потпише договор со Тирана.
Бејтулаи постигнал договор со Тирана, наскоро ќе го потпише договорот и ќе биде преставен како нов играч на овој клуб.
ренер на Тирана е Оргес Шехи, кој беше во комбинација да седне на клупата и на Шкендија и на негово инсистирање искусниот македонски дефанзивец ќе се пресели во Тирана.
Тирана ќе биде второ интернационално искуство за Бејтулаи. Пред две години тој имаше неуспешен обид во шведски Хелсинборг.