Пеп Гвардиола инсистирал дека Манчестер сити мора да се ослободат од Жоао Кансело бидејќи португалскиот бек си ставил слушалки додека менаџерот зборувал на состанок на тимот, тврди „Тајмс“.
Кансело одбил да ги слуша советите на Гвардиола на состанокот во јануари, по што Гвадиола побарал од фудбалскиот директор Чии Бегиристаин тој да биде продаден, за неколку дена подоцна да се објави веста дека тој е пратен на позамјица во Баерн Минхен. Кансело беше постојан првотимец во тимот на Гвардиола до крајот на 2022, по што не реагирал најдобро во ситуациите во кои не бил во игра.
Барселона сакала да потпише договор со 29-годишниот Кансело во јануари, но минатиот месец Чави Ернандез призна дека Манчестер сити го блокирале договорот.