Од тимот на Лион потврдија дека домот на Мемфис Депај бил ограбен додека тој играше фудбал во петок навечер.
Според француските медиуми, од куќата на Депај во Лион биле украдени 1.5 милиони евра во накит, часовници и други луксузни објекти, додека тој играше при 0:1 поразот од Ница на домашен терен.
„Секако, тоа му падна лошо на Мемфис, бидејќи имаше многу вредни работи во куќата. Ќе му помогнеме, заедно со фудбалерите на човечко или финансиско ниво“, изјави претседателот на Лион, Жан-Мишел Олас.
Според локалната „БФМ ТВ“, крадците влегле во неговиот дом со прекачување преку гаражата, а потоа низ отворениот прозор во спалната. Депај немал аларм во куќата.