Top Sport

Садио Мане ја покажа скромноста – чистеше тоалет во џамија (видео)

Сенегалскиот напаѓач Садио Мане во саботата постигна гол при 2:1 победата на Ливерпул над Лестер, но стана вистинска „ѕвезда“ на Интернет откако се појави видео на кое тој чисти тоалет во една џамија.

Останува нејасно дали тоа се случило по мечот со Лестер или е постара снимка, но без врска на тоа, тој доби пофалби за својата скромност и покрај милионите кои ги заработува како еден од најплатените фудбалери на Ливерпул. Иако снимката не е најдобра, јасно е дека Мане е со цревото за вода во позадина, а се слуша и како некој го довикува неговото име.

Scroll to Top