Top Sport

Ивановски ќе се бори за трофејот на фјучрсот во Скопје

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, со пресврт избори пласман на ИТФ фјучрс турнирот во Скопје. Ивановски, по 129 минути борба славеше во три сета против Турчинот, Ерги Киркин.

Ивановски го загуби првиот сет со 6:3, но следните два ги доби убедливо со 6:2 и 6:2.

па сосема заслужено и со поддршка на домашната публика, ќе се обиде да стигне до посакуваниот трофеј на фјучрсот со награден фонд од 25.000 долари.

Противник во утрешното финале ќе му биде Французинот Саша Вајенбург.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 25.000 долари. Победникот ќе добие 25 АТП поени и ќе заработи 3.600 долари.

Scroll to Top