Финалето на овогодинешното издание на Лигата на шампионите на стадионот „Ататурк“ во Истанбул, во кое ќе се сретнат Манчестер сити и Интер, важи за едно од „најнеправедните“ во овој век.
Тимот на Пеп Гвардиола важи за огромен фаворит, а речиси никој не верува дека Интер би можел да го освои четвртиот трофеј во клупската историја.
Сити оваа сезона веќе освои две титули. „Граѓаните“ го одбранија пехарот во Премиер лигата и го кренаа оној во ФА Купот, а сега им претстои последниот тест за да стигнат до „тројката“.
Два трофеи сезонава освои и Интер, во Купот и Суперкупот на Италија.
Герет Бејл, петкратен освојувач на Лигата на шампионите со Реал Мадрид го прогнозираше резултатот во финалето. Велшанецот претера со прогнозата, смета дека Сити ќе пукне „петарда“ во мрежата на Андре Онана.
Gareth Bale’s prediction is wild 🙉🙉🙉
Football lovers wouldn’t want to watch such a boring game. It’s not worth a Champions League final.
The Champions of Europe?#UCLfinal pic.twitter.com/KYWEtMkQX6— Tash-Football (@TashFootball2) June 10, 2023