Top Sport

Заврши финалето за Кевин Де Брујне

Најдобриот играч на Манчестер сити, Кевин Де Брујне, го заврши финалето во Истанбул во првото полувреме.

Белгиецот се повреди во 30.минута. Според она што можеше да се забележи се пожали на повреда на бутниот мускул. По повредата остана на теренот уште пет минути, а потоа го напушти теренот.

На неговото место во игра влезе Фил Фоден.

Да потсетиме, Де Брујне поради повреда го заврши и финалето во 2021 година против Челзи. Тој тогаш се здоби со потрес на мозокот по судирот со Ридигер и беше заменет во 60. минута. Сити го загуби финалето со 1:0.

По 35 минути игра во финалето резултатот е 0:0.

Scroll to Top