Седумката во Реал Мадрид има статусен симбол. Низ историјата ја носеле легендите Копа, Хуанито, Бутрагење, Раул, Кристијано Роналдо.
По заминувањето на Роналдо, бројот седум на грбот го носеа Маријано Дијаз и Еден Азар, за многумина најголемото разочарување во историјата на клубот.
Азар го напушти Реал, па култниот број од наредната сезона ќе има нов сопственик.
Клубот објави дека седумката ќе ја носи Винисиус Жуниор. Бразилецот, минатата сезона, одигра 55 натпревари, постигна 23 гола и забележа 21 асистенција.
Покрај Азар, Мадрид го напушти и Марко Асенсио. Од наредната сезона бројот 11 на грбот ќе го носи сонародникот на Винисиус Жуниор, Родриго.