Top Sport

ФИФА му наложи на Вест Хем да им плати на Русите за трансферот на Влашиќ

ФИФА му наложи на Вест Хем да ја обесштети ЦСКА Москва за трансферот на Никола Влашиќ. Актуелниот освојувач на Конференциската лига на рускиот клуб ќе треба да му исплати 17.500.000 евра.

Англискиот клуб тврдеше дека не ги платил парите поради виша сила, односно поради финансиските санкции кон Русија, но ФИФА не го прифати тоа како изговор и му наложи на Вест Хем да ги исполни своите обврски.

Како што се наведува, доколку Вест Хем не го плати долгот до 31 јули, тогаш вкупниот износ на обештетувањето ќе се зголеми на 25.650.000 евра. Исто така клубот ќе добие забрана за трансфери во наредните три години.

Никола Влашиќ се пресели во Вест Хем во летото 2021 година, а минатата сезона ја мина на позајмица во Торино. Италијанскиот клуб имаше опција да го откупи неговиот договор на крајот на позајмицата, но се откажаа.

Хрватскиот фудбалер настапуваше за ЦСКА од 2018 до 2021. Пред тоа беше член на Хајдук и Евертон.

Scroll to Top