Пеп Гвардиола не планира да поптише нов договор со Манчестер сити по крајот на актуелниот договор во 2025 година, тврдат британските медиуми. По блесквата сезона во која освоија тројна титулата, 52-годишниот Гвардиола уште не донел цврста одлука за својата иднина, но преферира да замине од „Етихад“ по уште две сезони.
Според „ЕСПН“, Гвардиола потоа би сакал да стане селектор на некоја голема репрезентација, иако претходно ги одбиваше понудите о Бразил и од САД.
Каталонецот потпиша нов договор со Сити во ноември, кога го посети Абу Даби за време на паузата за Светското првенство. Тој ги отфрли шпекулациите дека ќе замине по освојувањето на Лигата на шампиони, но приватно на своите соработници им кажувал дека веќе предолго останува во ист клуб, каде што пристигна во 2016 година.
Претходно, тој имаше четири години на чело на Барселона и три како тренер на Баерн Минхен. Гвардиола има 12 трофеи со Сити, вклучувајќи 5 од Премиерлигата и еден од Лигата на шампиони.