Со два гола за само четири минути во првото полувреме, Рен стигна до 2:0 победа над Бордо за да ги остави „Жирондинците“ на претпоследното место во Лига 1 по четири одиграни кола.
Пред мечот, Хатем Бен Арфа беше парадиран пред навивачите на Рен, по што тимот на тренерот Сабри Ламуши почна пеколно. Бенжамин Андре по изведениот корнер го совлада голманот Костил уште во 12. минута, пред Рами Бенсебаини само четири минути подоцна пак да го совлада.
Во првиот неделен меч во Лига 1, Амиен успеа да ги исфрустрира Сент Етјен и да ги задржи за реми без голови.