Маурицио Стирпе, претседателот на новиот италијански премиерлигаш Фрозиноне потврди дека тренерот Фабио Гросо нема да ги преводи во новата сезона откако си поднел оставка преку СМС-порака.
Популарните „канарини“ го освоија првото место во Серија Б минатата сезона и добија автоматски влез во Серија А заедно со Џенова, додека Каљари се врати преку плејофот.
„Побарав од сите во клубот да ги кажат своите планови. Тренерот не ми одговори, пред на 14 јуни да ми прати СМС порака во која ми се заблагодари за добрите моменти, но сметаше дека нема потреба да продолжиме. Не ми даде причина за тоа, ниту сакам да ја знам. Ќе се сеќаваме на позитивните моменти и трансформацијата од група на добри играчи до победнички тим“, вели Стирпе.
45-годишниот Гросо го презеде Фрозиноне во март 2021 година, откако претходно работеше во младинската академија на Јувентус, во Бари, Верона, Бреша и швајцарскиот Сион. Според италијанските медиуми тој е прв кандидат за нов тренер на Сампдорија, клубот кој испадна во Серија Б.