Новиот прволигаш, Воска Спорт, го промовираше првото засилување во летниот преоден рок.
Нов член на клубот од Охрид е поранешниот капитен на Шкупи, Фати Исмаили, кој потпиша едногодишен договор со клубот, со опција договорот да биде продолжен на уште една година.
Исмаили е искусен стопер кој може да одговори и на левата бековска позиција.
Претходно Воска Спорт за тренер го назначи Црногорецот Миљан Радовиќ.