Фудбалерите на Литванија и Бугарија ремизираа 1:1 во Каунас, во третото коло од квалификациите од групата Г за пласман на ЕУРО 2024.
Овие две селекции влегоа во мечот без бодови, со по два порази во мартовскиот термин, а денеска покажаа дека се најслаби во репрезентации во групата, во која се Србија, Унгарија и Црна Гора.
Денеска од 18 часот се среќаваат Црна Гора и Унгарија, а Србија во ова коло е слободна.
Литванците отворија подобро и дојдоа во водство во 15. минута преку Гирдваинис, но само две минути подоцна останаа со играч помалку, бидејќи Јустас Ласикас доби директен црвен картон.
Бугарите тогаш презедоа иницијатива, но не успеаја да создадат никаква опасна акција. Израмнувањето им го донесе Петков со одличен удар од далечина во 27. минута.
Во второто полувреме по силниот дожд Бугарите имаа инцијатива, создадоа две шанси преку Чочев во финишот на натпреварот. Литванија сепак успеа да се одбрани.
Во 15 часот се одигра уште еден натпревар во квалификациите за ЕУРО, во рамките на групата Ј. Луксембург на свој терен го совлада Лихтенштајн со 2:0, а стрелци беа Синани во 59. минута и Родригез во 89. минута.
Вечерва во оваа група се среќаваат Португалија – Босна и Херцеговина и Исланд – Словачка.