Поранешниот легендарен парагвајски голман, Хозе Луис Чилаверт смета дека Килијан Мбапе би се мачел доколку играл фудбал во Јужна Америка, бидејќи неговата игра е предвидлива.
И покрај тоа што во последните пет-шест години, Французинот е еден од најдобрите играчи на планетат, со 148 гола во 176 настапи за Пари Сен-Жермен, Чилаверт не е импресиониран од 24-годишниот Мбапе.
„Би сакал да го видам да трча на огромна надморска височина во Ла Паз или Кито, или да игра на гости во Бразил. Тука тој би бил просечен играч, бидејќи е предвидлив. Секако, има предност поради неговата брзина, но кога има добар дефанзивец покрај него, тој ја губи контролата“, вели Чилаверт.