Манчестер јунајтед се подготвени да понудат 45 милиони фунти за голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, како прв избор да го замени Давид де Хеа на „Олд Трафорд“ откако шпанскиот голман одбива да потпише нов договор со намална плата, јавуваат биртанските медиуми.
Договорот на Де Хеа завршува на 30 јуни, и главна пречка во преговорите за продолжување е платата на 31-годишниот Шпанец, кој не сака да се согласи со намалување на платата од 375.000 фунти неделно. Според „Дејли стар“, Пикфорд е прв фаворит поради финансиските проблеми на Евертон, кои мораат да продадат дел од своите играчи ова лето.
Пикфорд има договор со Евертон до јуни 2027 година кој го потпиша во февруари оваа година, но Јунајтед се подготвени да му ја удвојат неделната плата од 100.000 фунти.