Англија ја покажа својата моќ против Македонија, постигнувајќи втор гол за 2:0 водство пред крајот на првото полувреме од квалификацискиот меч на „Олд Трафорд“ во Манчестер.
Откако прво Хери Кејн лесно го совлада Столе Димитриевски за 1:0 во 29. минута, ѕвездата на Арсенал, Букајо Сака покажа зошто е еден од најталентираните млади фудбалери на светот со прекрасен гол во 39. минута откако доби одлична топка од Кајл Вокер.
WHAT A GOAL BY BUKAYO SAKA!!#EURO2024
— Reyi (@Reinaldodcg9) June 19, 2023