Иако беше тешко да се очекува дека Македонија може да направи подвиг на „Олд Трафорд“ по болниот домашен пораз од Украина, репрезентацијата покажа дека не може да се „носи“ со моќната Англија, примајќи три гола во првото полувреме.
Герет Саутгејт не калкулираше и излезе со својот најсилен состав, и тие ја покажаа својата сила во првото полувреме. Хери Кејн во 29. минута од мечот постигна лесен гол по убавата акција на двоецот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд и Лук Шо, за десет минути подоцна, Букајо Сака да постигне прекрасен гол, а во 45. минута од мечот, слабата реакција на целата македонска одбрана дозволи Маркус Рашфорд да постигне гол на својот стадион.
Harry Kane scoring at old Trafford 😉 pic.twitter.com/CiNxdAfuPa
— levi (@Levi_utd_) June 19, 2023
WHAT A GOAL BY BUKAYO SAKA!!#EURO2024
— Reyi (@Reinaldodcg9) June 19, 2023
Rashford with a goal pic.twitter.com/oHOmElXiTp
— United Goals ⚽️ (@UnitedGoals__) June 19, 2023