Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот. Бразилецот Роналдо, денес стана мнозински сопственик на акциите, на шпанскиот прволигаш Валјадолид. Според медиумските шпекулации, Роналдо за сума од 30 милиони евра, станал сопственик на 51 отсто од акциите на Валјадолид.
„Во живото минав низ многу фудбалски фази. Фудбалот е мојата најголема страст. Се решив да го повлечам овој потег за да ја задржам таа страст. Имаме сјајни можности за да ги исполниме нашите цели. Наша цел не е само да избориме опстанок во лигата, туку од ден во ден да растеме како клуб“, рекол Роналдо.
Бразилецот дополнил дека ќе формира тим од стручни луѓе, кои ќе го водат клубот и дека се што е поврзано со Валјадолид ќе биде транспарентно.
„Сакам сите да учествуваме во формирањето на овој тим. Ги повикувам навивачите да учествуваат во проектот. Сакаме да г слушнеме нивните предлози и размислувања. Сакаме да бидат сегашност и иднина на Валјадолид“, рекол Роналдо.