По серијата лоши резултати во квалификациите за Европското првенство во 2024 година, Косовската фудбалска федерација потврди дека се разделува со селекторот, француската фудбалска легенда, Алан Жирес. Жирес го презеде Косово во февруари минатата година.
„Фудбалската федерација на Косово потврдува дека е взаемно решено да се прекине соработката со селекторот Аалн Жирес по вчерашниот пораз од Белорусија (2:1). Се заблагодаруваме на тренерот Жирес за неговата посветеност во периодот во кој ја предводеше косовската репрезентација“, се вели во објавата на федерацијата.
— FFK (@FFK_KS) June 20, 2023