Top Sport

Навивачите на Јунајтед утре ќе протестираат пред „Олд Трафорд“ против Глејзери

Навивачите на Манчестер јунајтед планираат протест на „Олд Трафорд“ утре при официјалната презентација на дресовите за новата сезона, исфрустрирани околу неизвесноста околу сопственоста на клубот, по долгиот процес на продажба од страна на американското семејство Глејзер.

Глејзери уште пред осум месеци најавија делумна или целосна продажба на клубот, а катарскиот шеик Џасим и британскиот милијардер Сер Џим Ретклиф уште немаат информации за одлуката и покрај тоа што последните понуди ги дадоа во април.

Глејзери станаа непопуларни кај навивачите на Јунајтед уште при преземањето на клубот во 2005, но лутината растеше по повеќето сезони без успех, како и по неактивноста во преодниот рок поради неизвесноста околу иднината.

„Огромното мнозинство на навивачи на Јунајтед сака да види завршница на процесот на продажба и повеќето подржуваат целосна продажба. Сакаме со нашиот протест тоа да го кажеме јасно“, велат од Трастот на навивачи на Манчестер јунајтед.

Scroll to Top