Саудискиот Ал-Ахли, покрај најавените договори со Роберто Фирмино и Едуар Менди, ќе тргнат и по ѕвездата на Манчестер сити, Ријад Марез, нудејќи му годишна плата од фантастични 50 милиони вра.
Споед „Дејли мејл“, Марез, кој има договор со Сити до 2025 година, ќе добие двегодишен договор со плата пет пати поголема од 10-те милиони евра кои ги добива од англискиот шампион.
Марез е последниот фудбалер од Премиерлигата кој е поврзуван со трансфр во Саудиска Арабија. Менди е пред договор со Ал-Ахли, неговите соиграчи од Челси, Н’Голо Канте и Калиду Кулибали веќе се во Саудиска Арабија, додека се верува дека Ал-Наср, клубот на Кристијано Роналдо, веќе се договори со Хаким Зијеш.
32-годишниот Марез, кој јавно призна дека е незадоволен од минутажата, откако не играше во финалињата од Лигата на шампионите и ФА купот, во моментов е на одмор во Франција.