Кеси дојде во Барселона како слободен играч во летото 2022 година, откако му истече петгодишниот договор со Милан. Последните денови се споменуваше негово можно заминување во Интер, но Кеси не сака да си замине од „Камп Ноу“.
Сепак, нејасно е дали тоа ќе се случи и по најновиот скандал. Кеси ја понижи Барселона откако на летниот одмор облече шорцеви од лутиот ривал Реал Мадрид.
Тој горе носи дрес од Баерн Минхен, а долу шорцеви од Реал Мадрид кога навивачка го замоли да се фотографираат заедно, а тоа видео стана вирално.
„Што прави овој кловн, по ѓаволите, исфрлете го од клубот“, реагираа веднаш фановите на Барселона.
What is Frank Kessie doing? pic.twitter.com/w0BX1ulmbX
— Abdul (@AbdulAL97) June 26, 2023