Откако минатото лето помина во постојани шпекулации за трансфер во Манчестер јунајтед, ова лето е јасно дека Барселона нема да се обиде да го продаде Френки де Јонг по инсистирање на Чави Ернандез, тврди каталонскиот „Спорт“.
Каталонскиот клуб се соочува со проблеми со регистрирање на новите засилувања, како Илкај Гундоган, кој пристигна од Манчестер сити, по што се појавија шпекулации дека клубот ќе мора да продаде еден од фудбалерите кои можат да постигнат највисока цена, како Де Јонг, но Холанѓанецот повторил дека не планира да замине од „Ноу Камп“.
Од друга страна, други фудбалери од составот не се „недопирливи“ – Франк Кеси, Ансу Фати и Феран Торес се меѓу фудбалерите кои можат да бидат продадени, меѓутоа останува нејасно дали тие ќе се согласат на продажба.