Top Sport

Арсенал не сопираат, се договорија и со Ајакс за Тимбер

Арсенал се пред реализација на уште еден трансфер во летниот преоден рок, откако се договориле со Ајакс за дефанзивецот Џуриен Тимбер за трансфер од 47 милиони евра, тврди холандскиот весник „Де телеграф“.

Клубовите вербално се договориле за трансфер од 42 милиони евра, плус 5 милиони евра бонус, откако самиот Тимбер се договори за личните услови со англискиот вице-шампион.

Со овој трансфер продолжува агресивниот настап на Арсенал во летниот преоден рок, откако веќе го официјализираа трансферот на Кааи Хаверц од Челси за 65 милиони фунти и се пред рекорден договор со Вест хем за Деклан Рајс од 105 милиони фунти.

Тимбер минатото лето беше поврзуван со трансфер во Манчестер јунајтед, кај неговиот поранешен тренер Ерик Тен Хаг, но „ѓаволите“ се откажаа од таков трансфер.

Scroll to Top