Данска именуваше „второкласен“ состав, во кој има и футсал играчи, за мечевите против Словачка и Велс оваа недела, откако поради конфликтот со првотимците не успеа да се реши.
Данската фудбалска унија (ДБУ) доколку не именуваше тим, репрезентацијата која е на 9. место на ФИФА листата по пласманот во осминафиналето на СП во Русија, можеше да биде исфрлена од квалификациите за ЕП 2020.
Според данскиот весник „Екстра бладет“, во тимот ќе има и дел од играчите од футсал репрезентацијата, и тие ќе добијат шанси да играат во пријателскиот меч со Словачка во среда и во меч од Лигата на нации во недела. Тренерот Оге Хареиде нема да биде на клупата, бидејќи ДБУ не сака тој да води тим кој не го избрал.
Конфликтот меѓу фудбалерите и федерацијата е околу правата на користење на ликот на фудбалерите, вклучувајќи го и Кристијан Ериксен од Тотенхем, кои сакаат да имаат индивидуални спонзорства наместо да ги почитуваат тие на федерацијата. Ериксен побара „примирје“, велејќи дека ако се почитува претходниот договор, тимот ќе ги игра мечевите. ДБУ ја одби оваа понуда.
Минатата година, Данците мораа да откажат квалификациски меч за СП во женска конуренција, овојпат поради конфликт околу парите кои ги добиваат фудбалерките.