Мејсон Гринвуд може повторно да игра под Жозе Мурињо, откако Рома контактирала со понуда за позајмица на контроверзниот фудбалер од Манчестер јунајтед, објавува англискиот „Сан“.
21-годишниот Гринвуд останува суспендиран од Јунајтед по неговото обвинение за обидд за силување и насилничко однесување кон својата девојка во јануари 2022 година. Во февруари оваа година, полицијата ги отфрли обвиненијата за Гринвуд, откако тој не само што се смири со својата девојка, туку заедно го чекаат и нивното прво дете. Меѓутоа, Јунајтед ја задржаа суспензијата додека не ја завршат својата интерн истрага.
Јунајтед и Ерик Тен Хаг, наводно, не се подготвени да го продадат напаѓачот, но во исто време не е сигурно неговото враќање во првиот состав, така што позајмица изгледа најверојатна. Според „Сан“, Мурињо му се јавил на Гринвуд и разговарал со неговиот татко за можна преселба во Рим.