Ерик Тен Хаг очигледно има огромна доверба во новото засилување Мејсон Маунт, откако прво му го даде славниот дрес со број 7 на фудбалерот од средниот ред кој произлезе од академијата на Челси, а потоа му порача дека го донел за да биде многу важен играч на тимот.
24-годишниот англиски репрезентативец, конечно, беше потврден како играч на „ѓаволите“ по долги преговори со Челси, потпишувајќи петгодишен договор со клубот. Според англиските медиуми, Тен Хаг лично инсистирал за реализација на трансферот со цел да се засили средниот ред на неговиот тим.
„Сакам да бидеш многу важениграч за овој тим“, беше кратката порака на Тен Хаг при првата средба во тренинг-центарот.
Ten Hag to Mason Mount: “I want you to be a very important player for this team.” [mu] pic.twitter.com/5GUWSGtIWR
— utdreport (@utdreport) July 5, 2023