Мејсон Маунт открива дека уште пред неколку месеци му било јасно посочено дека нема иднина во тимот на Челси, по што решил да го направи трансферот од 55 милиони фунти во Манчестер јунајтед, со кои вчера потпиша петгодишен договор.
24-годишниот Англичанец беше еден од клучните играчи на Челси последните неколку сезони, но минатата сезона, која беше катастрофална за „сините“ беше оставен далеку од првиот тим.
„Пред неколку месеци, стана јасно дека не бев во плановите на Челси за иднината и кога дознав дека Јунајтед се заинтересирани, тогаш веќе бев одлучен што ќе направам. Јунајтед се голем клуб и сакам да бидам дел од него, а една од целите беше да дојдам рано пред да стартува пред-сезоната за да се адаптирам што е можно побргу. Роналдо, сте виделе видео од моето детство кога зборував за него. Бекам исто така беше огромна инспирација поради слободните удари. Сега е најважно да се подготвиме за важната сезона пред нас“, вели Маунт.
"It became clear that I wasn't in Chelsea's plans." ❌
Mason Mount at Carrington to talk through his move to Man Utd… 💭 pic.twitter.com/ZPDbDD0Vlu
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) July 6, 2023