Никола Јокиќ моментално е на заслужен одмор по одличната сезона во НБА.
Центарот на Денвер беше забележан на различни места во текот на изминатите неколку денови и недели, вклучувајќи ја и Италија, каде што присуствуваше на коњски трки.
Сега е виден во Босна и Херцеговина на традиционалниот рафтинг на реката Дрина.
Голем број вљубеници во оваа авантура биле воодушевени кога сфатиле дека во чамецот до нив се наоѓа славниот кошаркар.
„МВП, МВП!“, почнаа да скандираат, што го насмеа Јокиќ, кој ги поздрави.
И не само тоа, Никола во еден момент реши да се разлади на многу топлото време, тој скокнал во водата и пливал.
Инаку, оваа сезона, предводен од Јокиќ, Денвер ја освои првата титулата во историјата на франшизата.
Jokara 🏊 https://t.co/dCau5U9yoQ pic.twitter.com/J5ITaISJPG
— Zoran Šarenac (@sarenaczoran) July 8, 2023