Ксандер Северина (22) би требало да стане нов играч на белградски Партизан, пишуваат српските медиуми. Тој е лево крило кое има еден настап за Курасао, најголемиот остров во Карипското Море. Северина има и холандски пасош, а минатата сезона настапуваше за холандскиот АДО Ден Хаг.
Од 2021 година, тој постигна осум гола и забележа 12 асистенции во 62 настапи за тој клуб.
„Телеграф“, тврди дека Северина имал голем број понуди од други европски земји, но на крајот решил да дојде во Белград.
Тој во кариерата уште настапуваше за Спарта Ротердам, а во Партизан доаѓа како слободен играч, откако му истече договорт со АДо Ден Хаг.
Според „Трансфермаркт“, вреди 500.000. евра.