Летонскиот претставник РФС Рига ја победи Македонија ЃП со 0:1 на денешниот натпревар во Скопје и обезбеди предност пред реваншот. Фотографијата на денот секако ја заслужи единствениот навивач на гостите.
Иако беше осамен на трибината, сепак, постојано навиваше и ги бодреше своите миленици. Тие му возвратија со добра игра и на крајот победија со голот на Илиќ постигнат во 34.минута.
Напреварот се одигра на комплексот на ФФМ во екстремно жешки услови.
Фото: Игор Паневски