Новото засилување на Милан, Кристијан Пулишиќ објасни дека го земал дресот со број 11 на Златан Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“ бидејќи го сака тој број, но не сака да го споредуваат со легендарниот Ибра.
Ибрахимовиќ го напушти Милан на крајот на минатата сезона, заминувајќи во фудбалска пензија, а американскиот репрезентативец со хрватско потекло, Пулишиќ доаѓа како засилување во „обновениот“ Милан без Златан и Сандро Тонали.
„Тој е мојот број. Знам дека го носеше легенда како Ибрахимовиќ и тоа е совршена можност за мене. Не сакам да се споредувам со Ибра или да го надополнам неговот место, но дресот беше слободен и сега е мој. Мислам дека во Милан имаме конкурентен и силен напад и ќе се обидам да помогнам. Честопати играв на десната страна, но можам да ги покријам сите позиции. Ќе биде вистинско задоволство да се соработува со напаѓач од висока класа како Рафаел Леао“, вели Пулишиќ.