Челси преговараат за уште едно заминување од клубот, откако Олимпик Марсеј покажаа интерес за напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг, за кого нема место на „Стемфорд Бриџ“, јавува „Скај спортс“.
Се очекува францускиот клуб да даде официјална понуда за репрезентативецот на Габон, иако не е јасно дали ќе се работи за постојан трансфер или за позајмица, посебно бидејќи Обамејанг има само уште една сезона под договор со Челси. Обамејанг имаше 21 настап за Челси минатата сезона, но само 11 како стартер и ниту еднаш не комплетираше целосни 90 минути.
Иако тој има само три гола во дресот на Челси, Обамејанг имаше репутација на одличен напаѓач во дресот на Арсенал, Барселона и Борусија Дортмунд. Челси веќе продадоа или отпуштија 11 фудбалери ова лето.