Top Sport

Eкс играч на Звезда ги одби Саудијците: Не можам сопругата да ја претворам во нинџа

Српскиот дефанзивец Радован Панков (27), како слободен играч, летово се пресели од Црвена Звезда во Легија Варшава. Панков имаше богати понуди од Јапонија и Саудиска Арабија, но реши да остане во Европа.
„Понекогаш не се работи само за финансии. Имав добри услови во Црвена Звезда“, започна Панков за „Легија.нет“ и продолжи:

„Сè уште сум млад, сакам да се докажам. Ќе поминам две до три години во Легија и ќе одам во некоја од најсилните лиги во Европа. Во форма сум, можам да играм до 35 или 36 години. Имам уште доволно време да се преселем на Исток. Многу е важно прашањето за семејство со кое е невозможно да се оди заедно во Саудиска Арабија. Знаеш како е кога не живееш во голем град, децата и жените треба да бидат како нинџи Тоа не ми се допаѓа“.

Панков во својата кариера настапуваше за Војводина, руски Урал, кипарски АЕК Ларнака, Раднички од Ниш, Чукарички и Црвена звезда. Според Трансфермаркт, тој вреди 1,2 милиони евра.

Scroll to Top