Македонскиот репрезентативец Енис Барди пстигна гол за Трабзон во ремито 2.2 против Мол Фехервар.
Трабзон и Мол Фехервар одиграа контролен меч на подготовките во Словенија.
Трабзон поведе во деветтата минута со голот на Уругваецот, Макси Гомез. Ксонгваи израмни во 37., а Кодро им днесе предност на Унгарците во 58.минута.
Барди во игра влезе во 62.минута, а во 75. од слободен удар ги постави конечните 2:2.
Никола Серафимов не доби шанса во екипата на Мол Фехервар.
Enis Bardhi 🎯 pic.twitter.com/10pERKyMiH
— Trabzonspor (@Trabzonspor) July 15, 2023