Top Sport

Ливерпул сака да го потпише Рабио на слободен трансфер

Ливерпул наводно остварил контакт со мајката и агентот на играчот од средниот ред на Парис Сен Жермен, Адриен Рабио, пренесува ESPN.

Премиерлигашот има голем интерес за Рабио, особено доколку би можеле да го потпишат на слободен трансфер.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е долгогодишен обожавател на Рабио, и се обидувал да потпише со Французинот уште како тренер на бундеслигашот Борусија Дортмунд.

Клоп одблиску го следи напредокот на Рабио и според ESPN двајцата веќе имале телефонски разговор околу евентуалниот трансфер.

Дваесет и тригодишниот Французин e во последната година од својот договор со ПСЖ и засега ги отфрли сите понуди од клубот за нов договор. ПСЖ, пак, сé уште се надева дека ќе го убеди младиот играч да остане во клубот.

Во текот на летниот преоден рок Рабио често беше поврзуван со трансфер во Барселона, но ПСЖ одби да го продаде. Сепак, веќе од јануари тој ќе може да потпише како слободен играч за друг клуб за следната сезона.

Ливерпул ќе се соочи со тешка конкуренција за трансферот на Рабио, особено од Барселона, но Французинот, пак, никогаш не ја криел дека сака да заигра на Енфилд, додава ESPN.

Scroll to Top