Уругвајскиот дефанзивец Алфонсо Еспино го засили шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано.
Левиот бек потпиша тригодишен договор со тимот чии гол го брани македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски.
Претходните четири сезони Еспино ги помина во Кадиз за кој одигра 146 првенствени натпревари.
Еспино во Рајо Ваљекано доаѓа на местото на Фран Гарсија кој се пресели во Реал Мадрид.