Македонскиот првак Струга Трим Лум денеска (17 часот) го игра реванш мечот против Жалгирис од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Стружани имаат убава можност за пласман во следната рунда со оглед дека на првиот дуел во Литванија останаа непоразени (0:0).
Голема помош фудбалерите ќе имаат и од трибините. Клубот објави дека сите билети се распродадени и трибините на стадионот „Билјанини извори“ ќе бидат исполнети до последното место.
Струг ТЛ пушти билети по цена од 1.200 денари, но истите ќе важат и за сит домашни натпревари во првенството на Македонија, а секој навивач со билетот ќе добие и подарок, маица со клупските обележја.
Натпреварот меѓу Струга ТЛ и Жалгирис се игра денеска, со почеток во 17 часот, на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Доколку победат, стружани ќе изборат двомеч против турскиот гигант Галатасарај.