Top Sport

Манчестер јунајтед му дадоа краткотраен договор на Џони Еванс

Осум години откако си замина од „Олд Трафорд“, искусниот дефанзивец Џони Еванс се врати во дресот на Манчестер јунајтед, кои му дадоа краткотраен договор за пријателските мечеви во Шкотска и САД.

35-годишниот репрезентативец на Северна Ирска, произлезе од академијата на „ѓаволите“ и по крајот на договорот со Лестер тренирал со првиот тим на Ерик Тен Хаг, кој реши да му даде краткотраен договор пред фудбалерот да донесе конечна одлука за својата иднина.

Еванс ќе патува со тимот во Единбург за пријателкиот меч со Лион во среда, како и во Сан Диего за турнејата низ САД.

Scroll to Top